Поврзете се со нас

НБА

Ембид со неспортски потег ги налути противниците, па објасни дека само се штител себеси (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/sixers

Џоел Ембид доминираше на теренот на третиот дуел во серијата меѓу Филаделфија и Њујорк, завршувајќи го натпреварот со дури 50 поени и обезбедувајќи победа со која 76-ките ја вратија неизвесноста во овој плејоф дуел.

Сепак, актуелниот МВП на НБА лигата заработи и многу критики поради еден потег кој беше карактеризиран како неспортски прекршок, а кој можеше да донесе и повреда за противникот.

Ембид падна на подот во игра во одбрана и го повлече Мичел Робинсон, додека овој се обидуваше да поентира, па кошаркарот на Њујорк имаше незгоден доскок. Робинсон кој и претходно имаше проблем со левиот зглоб, го заврши настапот на полувреме, а првичните информации се дека се работи повеќе за претпазливост, отколку обновување на повредата.

По натпреварот Робинсон не бил достапен за новинарите, а Ембид тврдел дека морал да се заштити бидејќи по еден таков дуел со Џонатан Куминга мораше да паузира два месеца.

– Не сакав да повредам никого, но во вакви ситуации мора да се заштитам себеси, – рекол Ембид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни