Поврзете се со нас

АТП

Лехечка си замина со солзи во очите, Феликс долго ќе го памети патот до финалето во Мадрид (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Феликс Оже Алијасим уште долго ќе го памети Мастерсот во Мадрид, бидејќи на доста луд и несекојдневен начин стигна до големото финале на престижниот турнир во престолината.

Канаѓанецот кој подолго време се мачи со повреди и враќање во посакувана форма, оваа недела доживеа необични ситуации во Мадрид, кои денеска кулминираа со уште едно предавање од негов ривал.

Откако во претходните фази му предадоа Менсик и Синер, Алијасим денеска без многу борба се пласираше во финалето, откако Јири Лехечка реши да се повлече по шест одиграни гејма.

Чехот се пожали на повреда и со солзи во очите се приближи до мрежата, по што му порача на Феликс дека го предава мечот за да не си нанесе уште поголема штета.

Алијасим покажа класа и му испрати порака на Лехечка преку камерата, па сега ќе има ден пауза пред неделната финална битка во која за противник ќе го има Андреј Рубљов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни