Поврзете се со нас

Лига на нации

Познат е комплетниот распоред: Македонија со гостински меч ќе го отвори настапот во Лигата на нации

Објавено

на

Македонската А фудбалска репрезентација вчера во Париз ги дозна ривалите за новото издание на Лигата на нации, издание во кое ние сме во групата Ц4 која ни носи пресметки со Ерменија, Фарски Острови и Летонија.

Група по мерка: Македонија ги доби противниците за новото издание на Лигата на нации (ФОТО)

Ова е група по мерка и селекторот Благоја Милевски најави напад на првото место во оваа конкуренција што е реална слика со оглед на квалитетот на противниците.

Милевски: Не бегаме од одговорност, целта за нас е прво место во групата!

Меѓутоа секој статус ќе мора да се покаже, докаже на теренот каде од септември до ноември нашиот национален тим ќе одигра шест натпревари. „Патувањето“ започнува со средба на гостински терен со Фарски Острови и тоа на 7 септември за да три дена подоцна ја пречекаме Ерменија.

Во октомврскиот „прозорец“ имаше дуели со Летонија и Ерменија (нејзин терен) за да завршницата не донесе дома со битки против Летонците и Фарски Острови.

Распоред на натпревари на македонската репрезентација:

7. септември 2024, 15:00 часот: Фарски Острови – Македонија

10. септември 2024, 20:45: Македонија – Ерменија

10. октомври 2024, 20:45 часот: Летонија – Македонија

13. октомври 2024, 18:00 часот: Ерменија – Македонија

14. ноември 2024, 20:45: Македонија – Летонија

17. ноември 2024, 15:00 часот: Македонија – Фарски Острови

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни