Поврзете се со нас

Лига на нации

Група по мерка: Македонија ги доби противниците за новото издание на Лигата на нации (ФОТО)

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците за новото издание на Лигата на нации.

На денешната ждрепка во Париз среќен за нас беше поранешниот репрезентативец на Грција и некогашен член на Интер, Бенфика, Панатинаикос и Фулам, Јоргос Карагунис кој ни донесе ривали по мерка со оглед на тоа што силите ќе ги одмериме со Ерменија, Фарски Острови и Летонија.

Можевме да се најдеме и во сосема поинаква група, поточно да играме против селекции како Шведска, Романија…па дефинитивно треба да бидеме задоволни со денешната ждрепка во француската престолнина. Првите кола ќе се играат во септември, а последните во месец ноември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни