Поврзете се со нас

НБА

Вестбрук го испровоцира Дончиќ со неспортски потег, конфликтот донесе две исклучувања (Видео)

Објавено

на

Расел Вестбрук ги налути фановите на Далас со неспортски потег, односно дрзок прекршок над Лука Дончиќ, а целата ситуација резултираше со две исклучувања.

Темпераментниот играч на Л.А Клиперс лесно можеше да ја повреди првата ѕвезда на Далас во последниот период од третиот меч во серијата, а кога Дончиќ тргна да се објаснува со Вестбрук доби уште еден лакт од противничкиот играч.

Во целата ситуација се вмеша Пи-Џеј Вашингтон кој директно го предизвика Вестбрук, за потоа и двајцата да добијат втора техничка грешка и исклучување од натпреварот.

Далас излезе како победник во третиот натпревар, во кој домаќините посветија сериозно внимание на играта во одбрана, а на Дончиќ му недостасуваше една асистенција за трипл-дабл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни