Поврзете се со нас

Свет

Силва има нов клуб: Моето срце секогаш беше со вас…(ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:instagram.com/cbf_futebol

Пред неколку дена официјално беше објавено дека Тијаго Силва ја завршува приказната со Челси или поточно си заминува од клубот по четири години.

Ветеранот иако во септември ќе го прослави 40. роденден сака и понатаму да биде активен, а тоа ќе го прави во својата татковина. Денеска е потврдено името на новиот клуб, клуб од кој Тијаго потекнува-тоа е Флуминенсе со кого договори соработка до 2026 година.

Тој во 2009 си замина од татковината, но преку Милан, ПСЖ и Челси одново се врати дома и тоа во составот од Рио Де Жанеиро.

-Моето срце секогаш беше со вас, за вас, мислејќи за вас, -вели Силва во емотивното видео.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни