Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти и Тухел одбраа, ова се почетните состави за битката во Мадрид (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayern

Вечерва ќе го добиеме вториот финалист во Лигата на шампионите, поточно противникот на Борусија Дортмунд кој ќе биде Реал Мадрид или Баерн Минхен.

„Кралевите“ и „баварците“ почнуваат од „нула“ со оглед на тоа што првиот дуел заврши без победник 2-2, па Карло Анчелоти и Томас Тухел се надеваат дека имаат направено вистински избор кога се во прашање почетните состави.

Лунин ќе биде на голот на домаќините, пред него ќе бидат Карвахал, Ридигер, капитенот Начо и Менди, потоа Валверде, Крос и Чуамени ќе ја покријат средината на теренот, додека најопасни за гостите ќе биде Белингем, Родриго и Вини Жуниор.

Баерн пак го има стандардниот Нојер на голот, Даер и Де Лихт ќе бидат во срцето на одбраната, позициите десен и лев бек се за Кимих и Мазрауи.

Останатите позиции се резервирани за Кејн, Гнабри, Мусиала, Сане, Лајмер и Павловиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни