Поврзете се со нас

Италија

Аузилио: Постигнавме договор за Леао…

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Рафаел Леао веќе пет години е дел од екипата на Милан, тим во кој созреа и стана еден од најважните играчи.

Тој со своите изданија се избори за договор со кој сега е најплатен фудбалер на „росонерите“. Неговиот квалитет и знаење не е ставен под знак прашалник, ама повеќе од јасно е дека мора да поработи на неговата констатност, постојаност затоа што не е исто кога тој е во форма, ритам.

Договорот му е со важност до 2028 година, но Португалецот во минатото можел да заврши во Интер и тоа го потврди директорот, Пјеро Аузилио.

-Леао беше многу блиску до Интер. Се сретнав во Лондон и постигнав договор, но нема да ви кажам зошто не го затворивме договорот, обелодени Аузилио.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни