Поврзете се со нас

Шпанија

Белингам ги издвои двајцата најдобри соиграчи со кои заиграл на теренот: Тие се друга лига

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингам има краткорочна професионална кариера и се наоѓа на самиот старт, но англискиот репрезентативец веќе надалеку се етаблираше како голема фудбалска ѕвезда, особено со своите изданија по трансферот од Борусија Дортмунд во Реал Мадрид.

Белингам забележа неверојатен напредок во Реал и не потпадна под притисокот кој знаел да „изеде“ други фудбалски имиња, па тоа само покажува за каква класа на фудбалер станува збор.

Џуд има само 20 години и веќе е лидер на Реал и англиската фудбалска репрезентација, па како човек кој изминативе години можеше да учи од многу врвни имиња, привлече внимание со одговорот кој го даде за официјалната телвизија на „кралскиот клуб“.

Англичанецот требаше да го избере најдобриот соиграч кој го имал од Борусија, Англија и Реал Мадрид, но наместо за еден, тој се одлучи за двајца.

– Играв со многу добри играчи во Борусија и во англиската репрезентација, но Тони Крос и Лука Модриќ најверојатно се најдобрите со кои сум играл. Би избрал еден од нив двајца. Тие играат во друга лига, цело време се десет чекори пред останатите, – вели Белингам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни