Поврзете се со нас

Свет

Мурињо се кае за една своја одлука: Направив голема грешка…

Објавено

на

Фото:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо веќе неколку месеци нема никаков ангажман и тоа откако ја заврши соработката со италијанскиот прволигаш Рома.

„Специјалниот“ беше отпуштен од калчолигашот, потег кој искусниот стартег не го прифати или поточно смета дека тоа не го заслужил особено ако се земе предвид претходно дека одби значајни понуди само за да остане на „Олимпико“.

Тој од денешна перспектива жали што не ја оставил Рома, односно не го прифатил повикот да ја преземе селекцијата на Португалија.

-Нормално, сакам да ја водам Португалија. Имав шанса двапати, но тие не дојдоа во вистинско време за мене. Бев емотивен кога ја одбив последната понуда, бидејќи решив да останам во Рома и мислам дека направив грешка.

-Затоа што сега Португалија има фантастичен тим, еден од најдобрите, во првите пет. Тоа го знаев тоа, но чувствував одлична поврзаност со Рома, со навивачите, па не сакав да донесам таква одлука. Двапати дојде повик од Португалија, но мислам дека ќе дојде и трет пат и ќе ја преземам. Се надевам дека генерацијата што ја имам ќе биде силна како оваа, -порача Жозе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни