Поврзете се со нас

Одбојка

Струмица ја одбрани титулата во домашниот шампионат

Објавено

на

foto:www.facebook.com/okstrumica4772

Одбојкарите на Струмица се старо-нов македонски шампион и тоа откако во финалната серија го надиграа Штип УГД со 3-1.

Четири меча траеше битката за трофејот, а последниот се одигра во во салата „Јордан Мијалков“ каде актуелниот првак беше на повисоко ниво и со 3-1 (15:25, 21:25, 25:21, 17:25) во сетови дојде до посакуваната победа, поточно не дозволи мајсторка.

Хенкс реализираше 17, Офоха 15, а Омхени 14 поени кај победникот, додека на спротивната страна Задмард заврши со 23 поени.

Инаку ова за Струмица беше 11. пехар во шампионатот, но оваа година не ја заврши со двојна круна бидејќи во Купот поуспешен беше Штип УГД.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни