Поврзете се со нас

Свет

Непријатна ситуација: Навивачите и играчите предвреме славеа промоција, па беа шокирани во 95 минута (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/RodaJCKerkrade

Фудбалот секогаш знае да понуди специјални, посебни моменти, а токму еден таков се случи во Холандија каде бевме сведоци на една чудна ситуација која ќе стана уште повирална ако Рода не избори пласман во првата лигата.

Имено Рода го доби Камбур со 2-0 и сите помислија дека се е готово, поточно екипата се враќа во елитата со оглед на тоа што главниот конкурент Грониген губеше со Телстар.

Навивачите се спуштија на теренот и почнаа да слават заедно со играчите за да во 95 минута Грониген успеа да израмни (1-1) и со тоа математички да спречи промоција на Рода во првата лига.

Клубот од Керкрада и понатаму е во пол позиција, има три бода повеќе од најблискиот ривал, ама во последното коло му гостува токму на Гронинген и со пораз со поголема разлика може да остане без директен пласман во елитата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни