Поврзете се со нас

НБА

Далас обезбеди следна плејоф рунда, 50 поени на Мичел недоволни за победа на Кливленд

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/dallasmavs

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг го предводеа Далас до четврта победа во серијата со Лос Анџелес Клиперс и обезбедија конференциско полуфинале за Маверикс во НБА плејофот.

Дончиќ повторно немал добар шутерски настап, но со 28 поени и 13 асистенции му помогна на својот тим да ги израдува домашните фанови во натпревар на кој Ирвинг бил најдобар реализатор со 30 поени.

Клучен период повторно бил третиот кој завршил со резултат 35:20 и идентично како и на средбата во Ел-Еј, Далас го откажа противникот и си обезбеди помирна завршница за конечни 114:101.

Пауел со 20 и Џорџ со 18 поени биле најдобри реализатори кај Клиперс, кои го завршија настапот во плејофот со пораз од 4:2 во серијата. Следен противник на Далас ќе биде тимот на Оклахома Сити.

Донован Мичел постигна 50 поени, но и тоа не беше доволно за Кливленд да го победи Орландо и да се пласира во следната рунда на плејофот. Добрата игра во последниот период донесе конечен резултат 103:96 во корист на Меџик, кои израмнија на 3:3 и закажаа мајсторка на теренот на Кавс.

Банкеро со 27 и Вагнер со 26 поени биле најефикасни во победничкиот состав.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни