Поврзете се со нас

Шпанија

Крос предвреме почна да ја слави титулата, па му се придружија и сите останати соиграчи од Реал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид го победи Кадис со 3:0 и во проолжение го чекаше исходот од каталонското дерби кое се играше на „Монтиливи“, а иако по еден час игра се чинеше дека шампионската титула ќе биде одложена за следниот викенд, Џирона направи пресврт и практично ја завери титулата за „кралевите“.

Џирона направи историски успех за себе и со победата од 4:2 и математички го обезбеди пласманот во Лигата на шампионите, но истовремено стана јасно дека веќе никој не може да го стигне првопласираниот Реал на четири кола пред крајот.

Тони Крос предвреме почна да ја слави титулата со објава на социјалните мрежи по фантастичниот гол на Порту за 4:2, но по последниот судиски свиреж на „Монтиливи“, почнало славјето и на „Сантијаго Бернабеу“.

Играчите на Реал почнаа да ја слават 36-та освоена титула во клупската историја, што дефинитивно е заслужена награда за избраниците на Карло Анчелоти кои издоминираа во овие 34 одиграни кола.

Реал запиша 27 победи и одигра 6 реми средби, а единствено загуби од Атлетико Мадрид во раната фаза од сезонта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни