Поврзете се со нас

НБА

Тренерот ја плати цената за новиот спортски неуспех на Лејкерс (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Lakers

Лос Анџелес Лејкерс со многу мака преку плејинот обезбеди место меѓу најдобрите осум екипи на Западот, но „езерџиите“ потклекнаа пред првиот сериозен предизвик и доживеаја тежок пораз во плејоф серијата со Денвер.

Иако имаа голема желба за спортска одмазда, Лејкерси втора година по ред загубија од Денвер, па ако Јокиќ и пријателите минатата година им испорачаа „метла“, овојпат Леброн и Дејвис се изборија барем за една победа.

Ваквиот епилог сепак беше оценет како доста лош од страна на водечките луѓе на Лејкерс и денеска била донесена првата важна одлука за следната сезона, а според истата, Леброн и Дејвис ќе добијат нов тренер.

Дарвин Хем денеска заработил отказ од „езерџиите“ после двете сезони кои се оценети како недоволно добри, па ако се суди реално, ниту бројките не одеа во прилог на досегашниот тренер на Лејкерс.

Хем забележа 90 победи и претрпе 74 порази како тренер на тимот, нешто што е недоволно добро за тим кој имаше амбиции да се бори за титулата во НБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни