Поврзете се со нас

Фед куп

Шевченко: Нашите девојки покажаа квалитена игра на сите мечеви

Објавено

на

foto: www.mtftennis.mk

Нашата селекција имаше добар настап на Били Џин Кинг Купот, односно на турнирот во Вилнус во рамките на Втората Евроафриканска зона го освои четвртото место.

Македонските тенисерки славеа над Естонија, Грузија и Израел, а загубија само од фаворизираната Хрватска.

Од постигнатите резултати е задоволен спортскиот директор Горан Шевченкo.

-Според мене ова беше еден од најголемите успеси на женската BJKC репрезентација. По одличниот настап во 2023 година кога се пласиравме од 3-та Европска во 2-та Евро-Африканска група за нашиот тим целта беше опстанок во оваа повисока група. Но, девојките на самиот старт против репрезентацијата на Естонија покажаа дека можат многу повеќе. Пред се со победата на Лина против Каја Канепи која најдобар ранкинг на ВТА листата и беше 15 место и победата на Лина и Магдалена во мечот во двојки против Каја Канепи и Ингрид Нил (41 место на ВТА во двојки) кои воедно важеа за фаворити во овој меч во двојки, -истакна Шевченкo и додаде:

– Неизвесниот меч против Хрватска каде Магдалена беше на прагот да го освои првиот сет и Лина каде можеби за нијанси да го добие нејзиниот сингл меч. Со овој пораз кој беше и единствен оваа година не успеавме да се пласираме во завршницата односно да се бориме за влез во 1-та Евро-Африканска група. Следните денови беа победите над Грузија и Израел каде Лина рутинирано ги доби сингл мечевите, додека Магдалена со уште поквалитетен тенис од претходните денови успеа да победи и во двата наредни сингл меча. Вреди да се напомене дека и нашите најмлади членови на репрезентацијата Ива Данева, Ана Митевска и Теона Андова добија шанса во игра на двојки.

-Свој белег оставија и капитенот Димитар Лабудовиќ и тренерот Кристијан Вангелов, како и во подготовката на целиот настап така и во секој меч поединечно, а важна беше и поддршката за време на мечевите. За време на настапот владееше одлична тимска и натпреварувачка атмосфера која вплоди со резултатот кој го постигнавме односно 4-то место со само еден пораз, -порача спортскиот директор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни