АБА лига
МЗТ загуби од Широки, но обезбеди полуфинале во АБА2 лигата (ВИДЕО)
Кошаркарите на МЗТ Скопје се изборија за место во полуфиналето на АБА2 лигата.
Клубот од Аеродром доживеа пораз од Широки од 70:68 на соочувањето во Босна и Херцеговина, но благодарение на победата во првата средба од 85:69 обезбеди пласман во наредната фаза во која ќе ги одмери силите со Спартак Суботица.
Најефикасен кај „металците“ беше Делалиќ со 18 поени, по 13 уфрлија браќата Дамјан и Војдан Стојановски, а двоцифрен беше и Баковиќ со 10 кошеви. Кај домаќините се истакна Чолак со 18 кошеви.
И полуфиналето ќе се игра според истиот принцип дома-гости, а МЗТ ќе биде домаќин на Суботица во првата средба.
Инаку во регуларниот дел овие екипи се соочија во рамките на 7. коло, славеше српскиот тим со 86:81.
-
АВТО МОТОпред 21 час
Иџе сподели видео: Вака се вози Ферари!
-
Шпанијапред 18 часа
Најдобриот асистент во Примера сонува да игра за Барселона: Toa e еден…(ВИДЕО)
-
НБАпред 21 час
Клиперс ја доби пеколната битка со Далас во Тексас, „метла“ за Феникс (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 20 часа
Левандовски посочи кои се најдобрите играчи на светот: Тие се неверојатни
-
Англијапред 23 часа
Кин го промени мислењето за Халанд: Сега игра како играч од…
-
Англијапред 12 часа
Премиер лигата пред воведување на правило кое ќе ги ограничи трошоците, само три големи клуба гласале против
-
Репрезентацијапред 18 часа
Лазаров ќе смета на 20 ракометари за баражот со Фарски Острови (ФОТО)
-
Англијапред 21 час
Мерсон го издвои најтешкиот меч за Арсенал до крајот на сезоната