Лига на шампиони
Фабрегас: Ова што се случува во ЛШ е чиста случајност
Сеск Фабрегас работи во Италија и се калеми како новопечен фудбалски стручњак, но иако главниот фокус му е на „чизмата“, поранешниот играч за врска ги следи сите останати случувања во Европа.
Крајот на месец април и цел месец мај ќе донесе разврска на најважните натпреварувања во Европа, каде покрај националните првенства, ќе добиеме одговор и за тоа кој ќе царува во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
Оваа сезона во полуфиналињата ќе нема англиски екипи и тоа многумина го гледаат како голем пораз за Премиер лигата, но Фабре не крева паника и смета дека тоа е само чиста случајност.
– Тоа што нема англиски екипи во Лигата на шампионите и Европа е чиста случајност. Премиер лигата и натаму останува најдобра лига во свеотот, тоа е лига со најголема конкуренција и со најдобрите играчи и тренери во светот. За мене ова е чиста случајност, – вели Фабрегас, кој вели дека посебно ќе следи и едно полуфинале во Лига Европа.
– Рома против Баер Леверкузен ќе биде многу добар двомеч. Баер Леверкузен има извноредна сезона и ќе ги брка сите трофеи откако славеше во Германија, но Рома забележа голем напредок со Де Роси како тренер. Тоа ќе биде интересен дуел и јас ќе бидам „закован“ пред телевизорот, – откри Шпанецот.
-
Италија24 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија19 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија17 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет22 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија16 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА19 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон