Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски со хет-трик го скрши отпорот на Валенсија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона и Валенсија одиграа возбудливо дерби на „Монжуик“ и натпреварот понуди навистина многу голови и несекојдневни грешки, но и еден црвен картон кој го смени целосниот тек на мечот.

Каталонскиот великан отвори подобро и заслужено поведе со голот на Фермин, но во 27-та минута следеше неверојатна грешка на Марк Андре Тер Штеген, по која моментумот се префрли на спротивната страна.

Валенсија го искористи подарокот и Уго Дуро лесно израмни на 1:1, а потоа Федерико се избори за пенал по нов невнимателен старт на Роналд Араухо. Пепелу погоди за 1:2 од белата точка ја ја донесе Валенсија во прво водство, но пред да се замине на паузата, следеше кардинална грешка и на другиот голман.

Мамардашвили имаше лош прием и потоа играше со рака надвор од шеснаесетникот, па иако судијата не виде во прв момент, луѓето од ВАР собата алармираа и Грузиецот доби директен црвен картон.

Ова беше преголем удар за Валенсија која цело второ полувреме го одигра со играч помалку, а тоа му овозможи на Левандовски да прерасне во херој со три постигнати гола. Полјакот израмни на 2:2 на самиот старт на вториот дел, а потоа постигна уште два во 82-та и 93-та за целосен пресврт и победа од 4:2 за Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни