Поврзете се со нас

Велосипедизам

Тур де Франс: Неодговорен фан правеше селфи и предизвика верижен судир на патеката (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LeTour

Вчерашниот инцидент на Тур де Франс заврши со полесни повреди на велосипедистите кои паднаа во еден дел од патеката, а денешната 15. етапа донесе нов хаос, во кој дваесетина учесници се најдоа на асфалтот.

Она што донесе многу негативни реакции меѓу фановите е што причина за падот е неодговорен гледач кој се обидувал да направи селфи со дел од учесниците, па го закачи Сеп Кус.

Членот на Џамбо-Визма тимот падна на 125 километри пред целта на денешната етапа, по што предизвика и верижен хаос на патеката и поситни повреди за дел од учесниците.

Шест велосипедисти го завршија настапот на Тур де Франс поради учество во вчерашниот инцидент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни