Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул и Феенорд ја дефинирале сумата за „трансферот“ на тренерот Слот

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Навивачите на Ливерпул веќе знаат кој ќе го наследи Јирген Клоп од следната сезона, а изборот на раководството е Арне Слот.

Актуелниот тренер на Феенорд се наметнал по неколку критериуми, вклучувајќи го офанзивниот стил на игра на неговата актуелна екипа, со која минатата сезона беше и холандски шампион.

Слот дефинитивно се сели на „Енфилд“, а добра вест за холандскиот тим е што ќе заработи и сериозна сума од овој „трансфер“, односно дозволата за тренерот да ја промени средината по крајот на сезоната.

Ливерпул ќе плати потенцијални 11 милиони евра за да го ангажира својот нов менаџер, отштета која била договорена синоќа и со која завршуваат преговорите и се означува почеток на една нова ера кај „црвените“.

Од наведената сума, 9 милиони се фиксни и ќе му припаднат на Феенорд веднаш, додека 2 милиони евра можат да се активираат како бонуси во иднина.

Сезонава Слот и Феенорд се на второто место во првенството, но го освоија трофејот во холандскиот Куп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни