Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Де Лихт: Ова е фудбалски срам, судијата ми се извини!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен поведе на „Сантијаго Бернабеу“ и имаше две добри шанси да го матира Реал преку контри, но откако не го направи тоа, ја доживеа судбината на многу големи тимови како Манчестер Сити, Челси и ПСЖ.

„Кралевите“ направија пресврт во две минути и поведоа со 2:1 пред судиското продолжение, меѓутоа драмата не изостана и на крајот, бидејќи Баерн постигна гол за 2:2 кој сепак не беше признат.

Пред топката да дојде до Де Лихт, Симон Марчињак означи офсајд по асистенција на својот помошник, но ситуацијата беше максимално сомнителна и прашање е дали Мазраруи беше во недозволена позиција.

Поради тоа што Марчињак се огласи, акцијата не можеше да се проверува од ВАР и тоа ги разбесни баварците, а посебно лути беа Томас Милер и стрелецот Матијс Де Лихт.

– Бевме многу блиску, на неколку минути од финалето. Тие притиснаа на крајот и беше јасно дека ќе притиснат. Кога мислите дека се мртви, тие се враќаат, го имаат тој последен бран во себе. Затоа победиле 14 пати во Лигата на шампионите, тој менталитет ја прави разликата. Не зборував со Марчињак за последната акција, но сите ги знаеме правилата и ако не е очигледен офсајд, не треба да се прекинува играта.

– Ова беше вистински срам за фудбалот. Голот на Хоселу беше на раб на офсајд и тогаш не се прекина акцијата, но за нас се прекина. Ова е неверојатно и несфатливо. Не знам дали е офсајд или не, но ќе ви откријам дека линискиот судија ми се извини и побара прошка. Ми порача дека направил грешка. Не сакам да вперувам прст кон судиите, му честитам на Реал Мадрид, но ќе беше подобро ако се испочитуваа правилата, – изјави Де Лихт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни