Поврзете се со нас

Македонија

Давидовски и Џиролами повторно заедно во ТЦР Европа

Објавено

на

Виктор Давидовски останува седма година во Европското првенство за туринг возила (TCR Europe) и во новата сезона повторно ќе биде тимски колега со Франко Џиролами.

Во 2022 година тие двајцата заедно ги постигнаа најдобрите успеси, при што Џиролами ја освои титулата, а Давидовски победи на една трка од ТЦР Европа, за потоа на трката од Светскиот куп во Џеда, Саудиска Арабија, да го освои второто место.

За двајцата возачи ова ќе значи нов почеток и збогување со екипата „Comtoyou Racing“, како и со возилата на Ауди. Во новата 2024 година тие ќе бидат дел од „Monlau Motorsport“ тимот и се очекува да настапуваат со автомобилите од брендот Купра.

Овој тим е лоциран во Барселона и ќе им даде техничка и инженерска поддршка во текот на сезоната од ТЦР Европа, што ќе биде нивна прва целосна сезона во највисокото по ранг европско натпреварување, бидејќи тимот досега настапуваше во ТЦР Шпанија.

Давидовски е дел од ТЦР Европа од 2018 година и во два наврати го освојуваше „Дајмонд трофејот“ наменет за најдобрите возачи (според освоени поени) на возраст над 36 години.

Во календарот за 2024 година предвидени се шест трки, а првата е веќе на 21 април на автодромот Валелунга во Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни