Пливање
Аргентинецот Хернандес победник на Охридскиот маратон, Поп Ацев заврши трет

Аргентинскиот пливач Матијас Дијас Хернандес е победник на 35-то издание на Охридскиот пливачки маратон, кој денеска во доста тешки услови поради ветровитото време се одржа во нашето најпознато и најголемо езеро.
Со оглед на тоа што годинешното издание првично беше одложено, на почетокот во Св. Наум се појавија само осум натпреварувачи, од кои седум машки и само една женска натпреварувачка.
По речиси шест часа пливање, на крајот го добивме победникот денеска во Охрид, а тоа е Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес кој го заврши како најдобар најскромното издание на пливачкиот маратон.
Хернандес го презема водството од Пештани и од тој момент уверливо пливаше до самата завршница, па на крајот патеката „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид ја мина за време од 5 часа, 50 минути, 30 секунди и 5 стотинки.
Втор заврши Италијанецот Франческо Гетини кој беше победник на 32-то издание на Охридскиот маратон во 2018-та година, додека македонските претставници завршија на третото и четвртото место. Евгениј Поп Ацев се избори за место на подиумот како трет, а по него на целта пристигна Александар Илиевски. Покрај првите четворица, денеска на маратонот учествуваа уште Сидрит Деску и Арион Будима од Косово, Арне Штулар од Словенија и Аргентинката Ванеса Гарсија како единствена женска учесничка.
-
Евролигапред 17 часа
Антиќ дочекан со овации и аплаузи од навивачите на Црвена Звезда (ВИДЕО)
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг добива сериозно засилување во офанзивата: Ќе донесеме конечна одлука…
-
Светпред 14 часа
Уругвајците добија жестоки казни за нивното лудило на СП (ВИДЕО)
-
Англијапред 24 часа
Преговорите меѓу Евертон и Биелса пропаднале поради уникатен предлог на „лудакот“, Дајч ќе биде нов менаџер на „Гудисон“
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти: Овојпат не се налутив, но не можам да разберам една работа
-
Светпред 23 часа
Руди Гарсија: Утката на Роналдо беше клучен момент на натпреварот (Видео)
-
Евролигапред 12 часа
Обрадовиќ во свој стил: Победивме, ама сме премногу глупави
-
АТПпред 21 час
Ѓоковиќ го коментираше испадот на неговиот татко: Сме поминале низ војни, знаеме..