Олимписки игри
Руските и белоруските олимпијци нема да учествуваат на церемонијата на отворање на ЛОИ во Париз

Интернационалниот олимписки комитет денеска донел одлука според која претставниците на Русија и Белорусија на претстојната Олимпијада во Париз нема да учествуваат на церемонијата на отворање која вообичаено предизвикува големо внимание кај светската јавност.
Претходно, ИОК им овозможи на руските и белоруските спортисти да учествуваат на ЛОИ годинава, но како неутрални спортисти, што значи дека нема да користат знаме, амблем и химна на својата земја. Комитетот одобри специјално заедничко знаме на кое пишува дека се однесува на неутрални спортисти, како и химна без текст која би била интонирана на победничките пиедестали.
Досега се пријавени 12 руски и 7 белоруски спортисти за учество во Париз, а ИОК потврди дека ќе им овозможи на одреден начин да ја почувствуваат магијата на церемонијата, но тие нема да бидат претставени како спортистите од другите земји.
Во меѓувреме, Русија најави дека планира да организира „Игри на пријателство“ на своја територија, како обид да им овозможи на голем број спортисти да се натпреваруваат без никакви ограничувања. Првото издание на вакво натпреварување е одржано во 1984 година, кога Русија покани осум нации, а истовремено ги бојкотираше ЛОИ во Лос Анџелес.
ИОК дополнително ќе одлучи каков ќе биде статусот на Русите и Белорусите на церемонијата со која ќе се затворат ЛОИ во Париз.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…