Поврзете се со нас

Велосипедизам

IN MEMORIAM: Слободан Трајковски, велосипедски активист и човекот што го развиори македонското знаме на „Тур Д`Франс“

Објавено

на

Slobodan Trajkovski

Велосипедската заедница во Македонија денеска се простува од Слободан Трајковски, човек што работеше на популаризирање на рекреативните активности и беше визионер и учесник во повеќе потфати „на две тркала“.

Слободан Трајковски – Боби и стана познат на пошироката јавност преку експедициите од Македонија за посета возење паралелно со легендарната велосипедска трка „Тур Д’ Франс“, каде што во неколку наврати го развеа и македонското знаме.

Иако не беше дел од спортските структури и федерации, тој со своите залагања и организациски способности беше движечката сила зад повеќе идеи и акции, а беше и еден од основачите на здружението „ВелоЕвропа“.

Со негова помош беа организирани и велосипедски настани на различни локации низ Македонија, како Мариово, Маврово, Галичица и други.

Неговото „македонствување“ треба да остане пример како треба да се бара начин за спој на традицијата и потребите за рекреација во модерниот живот. Нека му е вечна слава!

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни