Поврзете се со нас

Американски спортови

НФЛ играч застрелан во вооружен грабеж, лекарите потврдиле дека имал многу среќа

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/49ers

НЛФ ѕвездата Рики Пирсал заработил прострелна рана во градите, откако случајно се нашол на место на кое било извршен вооружен грабеж во Сан Франциско.

23-годишниот Пирсал е член на НФЛ тимот Сан Франциско 49, а првичната информација од американските медиуми беше дека бил хоспитализиран и бил во животно загрижувачка, но стабилна ситуација.

Неколку часа подоцна, семејството на спортистот потврди дека Пирсал бил пуштен на домашно лекување, а лекарите објасниле дека имал многу среќа, затоа што куршумот не погодил некој од виталните органи и излегол од страната на грбот.

Полицијата информираше дека веројатно дошло до физичка пресметка меѓу повредениот и момчето кое го извршило грабежот, а веќе е уапсен 17-годишниот сторител на делото.

Пирсал од неодамна им се врати на тренинзите на својот тим и се подготвуваше за првиот натпревар од новата сезона, закажан за 10. септември.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни