Поврзете се со нас

Исхрана и вежбање

Стартуваше конгресот на научниците за физичко образование во Охрид

Објавено

на

Македонската претседателка Гордана Давкова Силјановска го отвори 18. Конгрес на FIEPS и 6. Научна конференција од областа на физичкото воспитување кој се одржува викендов во Охрид.

Во соорганизација на FIEPS и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) на овој настан учествуваат 200 претставници на највисоките образовни институции од Европа и светот.

Покрај поздравните говори на домаќините, вклучувајќи го и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, како и Деканот на ФФОСЗ, Влатко Неделковски, на делегатите им се обратија Бранислав Антала, потпретседател на FIEPS и генералниот секретар на министрите за млади и спорт од франкофонските земји, Луис Рене Тоби.

 – Физичката активност е една од најважните работи за одржување и унапредување на физичкото и на менталното здравје на луѓето. Спортувањето убедена сум дека превенира многу непреносливи болести, ги унапредува когнитивните способности, го подобрува сонот и ги намалува опасностите од анксиозност и депресија.

Но, и покрај овие очигледни придобивки, според проценката на ОЕДЦ и на Светската здравствена организација, дури третина од возрасното европско население не е доволно физички активно. Тоа може да резултира и резултира со над 11 милиони нови случаи на непреносливи болести до 2050 година и огромен буџетски товар врз здравствениот и социјалниот систем на секоја држава, – истакнала Давкова Силјановска во обраќањето пред присутните на конгресот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни