Поврзете се со нас

СЕХА лига

Јовиќ: Заслуживме да играме на завршниот турнир во СЕХА лигата

Објавено

на

foto: https://www.facebook.com/hceurofarmpelister

Составот на Еурофарм Пелистер го реши Татран Прешов и на втората битка во СЕХА лигата и со вкупни 73-55 се пласираше на завршниот турнир во ова натпреварување.

Битолчани беа поубедливи во реваншот каде славеа со десет гола разлика (36-26), резултат на кој му се израдува тренерот, Александар Јовиќ.

-Нашите добри настапи ни помогнаа да оствариме две победи над Татран Прешов. Заслуживме да обезбедиме место на завршниот турнир, -порача Јовиќ.

Своето задоволство од прикажаното на теренот го искажа и Петар Атанасијевиќ кој беше автор на четири гола од шест обиди.

-Дадовме се од себе, тоа е причината поради која добивме уште еден меч против квалитетен тим како Татран, -истакна нашиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни