Поврзете се со нас

Автомобили

Погледни двапати, спаси живот: Показна вежба за справување со сообраќајни незгоди и прва помош

Објавено

на

Фото: Мото клуб „Guardian Angels MC“

Мото клубот Guardian Angels MC во соработка со Општински Црвен Крст – Гази Баба, општината Гази Баба и други, на ден 13.04.2024 (сабота) година, по втор пат ќе организира показна вежба за справување со сообраќајни незгоди и прва помош при истите како дел од проектот „Погледни двапати, спаси живот“.

Настанот ќе се одржи во кругот на клубот и клупските простории во непосредна близина на Студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската населба „Автокоманда“ (поранешно интернет-кафе во кругот на комплексот).

Фото: Мото клуб „Guardian Angels MC“

Фото: Мото клуб „Guardian Angels MC“

Фото: Мото клуб „Guardian Angels MC“

Фото: Мото клуб „Guardian Angels MC“

Организацијата е од отворен карактер и добредојдени се сите лица и мото клубови кои сакаат да присуствуваат на оваа едукативна вежба каде преку симулација ќе се прикаже правилно укажување прва помош при сообраќајна несреќа, повреден моторџија!

Присутните на ваков начин преку практични примери ќе можат да ги подобрат или обноват своите познавања од сообраќајната култура.

Показната вежба ќе започне во 12.00 часот и ќе биде со времетраење од еден час.

Во продолжение, по завршувањето на вежбата, од 13 часот ќе биде организирано и едукативно предавање Сообраќајна едукација на млади лица наменето за сите оние кои сакаат да почнат да возат мотор. Ова предавање ќе можат да го следат и тинејџери почнувајќи од 14-годишна возраст, но за малолетници задолжително е да дојдат со своите родители или старатели, да видат со што се нивното дете или млад човек ќе се соочи на улиците во сообраќајниот хаос кој владее со години наназад.

Ова предавање ќе биде поддржано од лиценциран инструктор од автошкола, кој од прва рака ќе ги запознае со сообраќајните правила, правила за движење по улици и правилата за управување за категориите А, А1, А2,М.

Секако, ова не би било активност на нашиот клуб, доколку не организираме и дружење за присутните во клубските простории по завршувањето на двете предавања, со одлична музика и добро расположение.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни