Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски ги расчисти сите дилеми и испрати јасна порака за неговата иднина

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Ветеранот Роберт Левандовски со одлична партија и донесе победа на Барселона над Валенсија од 4-2 во последниот меч од 33. коло во шпанската Примера.

Искусниот напаѓач со ова покажа дека се уште може да биде значаен, корисен за актуелниот шпански првак и покрај тоа што во август ќе го прослави 36. роденден.

Тој сепак нема некоја екстра сезона во Барселона и неговото име одново се поврзува со преселба во Саудиска Арабија, МЛС лигата…меѓутоа Полјакот нема никаква дилема околу иднината и каде ќе игра во следната кампања.

-Да се збогувам [од Барселона] дефинитивно не доаѓа предвид за мене [летово]. Сега повторно се чувствувам физички добро. Имав физички проблеми во првата половина од сезоната. Работите се подобрија во 2024 година. Се додека се чувствувам добро како сега и на тренинзите не забележувам дека никој ме натрчува, сакам да продолжам да играм. Денеска велам: ова ќе продолжи барем уште две години. Само кога ќе забележам дека веќе не сум физички на врвно ниво и имам болки, ќе почнам да размислувам. Тоа не е така.

-Ниту една секунда не се замарав со [Саудиска Арабија] тоа. Ниту Саудиска Арабија, ниту САД. Тоа во моментов нема смисла. Во одреден момент се работи за тоа што ми кажува срцето и мојата глава. Кога ќе имам 38 години и ќе дојде болката, морам да се запрашам: Дали воопшто сакам да продолжам? Но, сè уште не сакам да планирам толку далеку. Во моментов велам: Дефинитивно можам да играм на ова највисоко ниво до 2026 година, -порача Лева за „Билд“.

Неговиот договор со Барселона е до 30 јуни 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни