Поврзете се со нас

Свет

Талески со „тројка“ против Брага

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески со Бенфика ја забележа првата победа во плејофот и тоа над Брага од 34:27.

Бенфика во претходните две кола загуби од Порто и Спортинг, па императив беше да се дојде до позитивен резултат со Брага, цел која беше остварена.

Домаќините беа убедливи во првиот дел во кој се стекнаа со предност од шест гола (16-10), а потоа само го заокружија триумфот.

Талески беше солиден со три гола од четири обиди.

Во наредната средба ќе имаме македонско дерби затоа што на гости на Талески му доаѓа Никола Митревски со Порто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни