Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти му одговори на Силва, па се фокусираше на утрешниот ривал: Имам фантастични спомени од една легенда на Баерн

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти денеска ја одработи својата стандардна прес-конференција пред едно полуфинале во Лигата на шампионите, фаза во која едноставно навикнавме да го гледаме Италијанецот во последно време.

Неговиот Реал повторно има обид да стигне до највисокото скалило во Европа и на патот на „кралевите“ сега стои Баерн Минхен, клуб во кој работеше и Дон Карло, но со значително помалку успех од тоа што го оставри во шпанската престолнина.

– Баерн и Реал се малку слични тимови. Двата тима немаат одредено јасен идентитет и можат да варираат и да играат на различни начини. Баерн има големо искуство во Лигата на шампионите и по тоа сме слични. Токму тој фактор им помогна да го елиминираат Арсенал, тим кој игра неверојатен фудбал оваа сезона. Утре ќе треба добро да се браниме, добро да напаѓаме и не смееме да правиме грешки. Во едно полуфинале нема простор за такво нешто, – изјави Анчелоти, кој го искористи обраќањето за да му реплицира на Бернардо Силва.

Португалецот истакна дека Реал е навистина чуден тим поради тоа што нема изградено точна фудбалска филозофија, но Карлето не смета на тоа како на невкусен коментар и со три реченици му возврати на фудбалерот на Манчестер Сити.

– Ние не сме чуден тим, сметам дека тежи нашиот дрес и она што го имаме направено низ историјата во ова натпреварување. Немам потреба директно да му одговорам на Бернардо, тој е фантастичен играч и добро знае како функционира фудбалот. Минатата година се радуваа тие, а оваа се радувавме ние, – изјави Анчелоти кој за крај нагласи дека има добри спомени од Минхен, и покрај тоа што неговата етапа во Баерн не беше баш најдобра.

– Немам посебен мотив за одмазда. Имав среќа да го тренирам Баерн, тоа е голем клуб. Иако можеше да трае и подолго, имам одлични спомени од мојот период таму, особено од Румениге кој е легенда на Баерн, – заврши Дон Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни