Поврзете се со нас

Балкан

Мекиќ најдобар „крадец“ во победата на Задар

Објавено

на

foto:twitter.com/ABA_League

Адем Мекиќ со Задар имаше победнички крај на основниот дел од шампионатот во Хрватска, односно оваа фаза беше завршена со убедлив триумф над Боско од 92:50.

Домаќините беа апсолутни фаворити против најслабиот тим во лигата, па разликата во квалитет ја потврдија на теренот каде ги добија сите четири четвртини за потврда на првото место на табелата.

Македонскиот репрезентативец Мекиќ влезе од клупата и за 18 минути на теренот реализираше 10 поени со 2 скока, 5 асистенции и 5 украдени топки со што беше број еден во оваа статистичка категорија.

Вујачиќ пак со 13 поени беше најефикасен на паркетот.

Задар за прв ривал во разигрувањето за пехарот во Хрватска ќе го има тимот на Дубрава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни