Поврзете се со нас

Светски првенства

Гол во последната секунда: Норвешка преку трилер меч до финале на СП (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Норвешка е првиот финалист на 26. Светско првенство ракометно првенство.

Бранителот на пехарот по еден драматичен, незивесен меч во кој се играа дополнителни минути успеа да дојде до славје над Данска со 29:28.

Голема борба се водеше во ова полуфинале, Данска беше подобра во првиот дел со 14-9, но Норвежанките возвратија со истиот тој резултат во второто полувреме што не однесе во продолженија. И тука беше пеколно, па на крајот одлучи мајсторијата на Рејстад од далечина која погоди пред звукот на сирената.

Токму Рејстад со 15 гола беше прв стрелец кај победникот, додека Јоргенсен постигна седум погодоци за Данска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни