Поврзете се со нас

Атлетика

Ивановски постави нов македонски рекорд и се приближи до олимписката норма за маратонската трка

Објавено

на

Дарио Ивановски постигна уште еден фантастичен резултат на маратонските трки на кои настапува, а во Севилја успеа да го подобри и македонскиот рекорд.

Ивановски ја истрчал маратонската делница за 2:08:26 часа, со што го подобри досегашниот рекорд за 3 минути, a ја заврши трката на одличното 20. место во навистина елитна конкуренција од целиот свет.

Претходниот рекорд беше исто така поставен во Валенсија минатата година, а со новиот најдобар национален резултат се приближи до исполнување на условите кои се потребни за настап на Олимпијадата во Париз.

Ивановски може да си обезбеди гарантирано учество во Париз со резултат 2:08:10, што значи дека му е потребен резултат за само 16 секунди подобар од тој остварен денеска во Севилја.

Победник во Севилја бил етиопскиот атлетичар Дереса Гелета, кој со време 2:03:25 го подобрил сопствениот, но и рекордот на овој маратон.

Второто место го освоил Французинот Морад Амдуни, кој исто како Ивановски, со одличниот пласман го подобри и националниот рекорд. Потврда за одличното темпо на трката е и резултатот на Јеман Крипа, кој го освои четвртото место, но го подобри италијанскиот рекорд во маратон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни