Боречки спортови
Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Египетскиот главен град Каиро ќе биде домаќин на третиот турнир од Светската 1 Премиер карате-лига.
Единствени учесници од Македонија ќе бидат членовите на „Макпетрол“, Петар Заборски (-75 кг.) и Петар Спасеновски (-84 кг.). Само тие од земјава обезбедија норма за да бидат дел од реномираното натпреварување. Каратистите на скопскиот клуб се пласираа во топ-32 каратисти на ранг-листата на ВКФ (Светската карате федерација), што беше пресуден услов за учество.
Турнирот во Каиро почнува в петок (19 април), а завршува в недела (21 април). На ова натпреварување настапуваат 32 најдобри каратисти во светот во секоја тежинска категорија.
Во елиминацискиот дел сите учесници имаат три задолжителни борби во својата група. Само прворангираните ги продолжуваат борбите во четвртфиналето.
Светската 1 Премиер карате лига е натпревар со највисок ранг на ВКФ, на којшто е најсилна конкуренцијата на спортисти. За претстојниот турнир во Каиро се пријавени вкупно 374 елитни учесници од 58 држави.
-
НБА22 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија11 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија20 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА23 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
Македонија24 часа
Шкендија во возбудлив меч загуби од Динамо Киев (ВИДЕО)
-
Свет23 часа
Поранешен европски шампион заинтересиран за Погба: Ќе бидеме среќни…