Поврзете се со нас

Балкан

Илиев одбрани пенал во дербито против Вележ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FudbalskiklubSarajevo

Македонскиот репрезентативец, Дејан Илиев со неговиот Сараево издвојува победа над Вележ од 3-0 во дерби средбата од 29. коло во првата лига на Босна и Херцеговина.

Домаќините ги користеа своите шанси, постигнуваа голови во вистинско време и дојдоа до три значајни бода во ова соочување во кое свој придонес имаше и Илиев кој во финишот му одбрани пенал на Хркач.

Се играше 81 минута кога беше досудена најстрога казна, Анте Хркач ја презема одговорноста, но Дејан го прочита и го одбрани ударот при водство на домаќините од 2-0.

Потоа Сараево даде уште еден гол за потврда на трите бода.

Со 45 бода Деки и компанија се на четвртата позиција во шампионатот на БиХ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни