Поврзете се со нас

Англија

Премиер лигата пред воведување на правило кое ќе ги ограничи трошоците, само три големи клуба гласале против

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/premierleague

Премиерлигашките клубови се состанаа преку своето тело и позитивно го изгласаа предлогот кој веќе се најавуваше веќе некое време, а според кој секој клуб во иднина би има ограничени трошоци при одредувањето на буџет за трансфери и исплатени плати.

Од вкупно 20 клуба, само три биле противи и еден бил воздржан, но останатите 16 клуба изгласале „ЗА“ промена на регулативата според која би се постигнале многу пофер услови за природна конкуренција.

Според изворите на англиските медиуми, клубовите кои гласале против се Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Астон Вила, додека воздржан останал Челси.

Предлогот за ограничувањето на трошоците значи дека сите клубови во Премиер лигата ќе имаат лимитирани трошоци за трансфери, плати и провизии кон агенти, а тоа ќе биде пропорционално регулирано со износот кој го добива од ТВ правата последно пласираниот тим во англиската елита.

16-те гласа „ЗА“ од англиските премиерлигаши значи дека овој предлог сега ќе оди на Годишното генерално собрание на Премиер лигата, каде ќе требаат 14 потврдни гласови за да се усвои новото правило, со кое веќе не би требало да има случаи со неконтролирано трошење какошто тоа го прават Манчестер Сити и Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни