Поврзете се со нас

Американски спортови

Велшки рагбист си обезбеди договор со НФЛ шампионот Канзас Сити

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Chiefs

Луис Рис-Замит одамна го најави својот голем рагби потенцијал, а реши да го исполни својот сон да потпише за НФЛ тим, откажувајќи се од настапите за неговиот досегашен тим и репрезентацијата на Велс.

Рис-Замит јавно навести дека ќе се посвети на реализирање на посакуваниот „трансфер“, во меѓувреме имал преговори со повеќе НФЛ клубови, но на крајот стави потпис на договор со актуелниот шампион Кајзер Сити Чифс.

23-годишниот Велшанец ја искористил интернационалната програма за напредок кон НФЛ и потпишал тригодишен договор во кој ќе добива гарантирана плата и евентуални бонуси.

Тој не е прв европски играч кој успеал да ја искористи програмата поставена за привлекување неамерикански играчи во НФЛ, откако во 2019 година, англискиот рагби играч Кристијан Вејд потпиша за Бафало Билс.

На тој начин, Рис-Замит ќе му се приклучи на тимот кој победи на три од последните четири НФЛ Супер боул натпревари, а во ростерот има ѕвезди како Патрик Махоумс и Тревис Келце.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни