Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски посочи кои се најдобрите играчи на светот: Тие се неверојатни

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Ѕвездата на Барселона и на полската репрезентација, Роберт Левандовски ги издвои играчите кои според него се најдобрите во светот на фудбалот во овој момент.

Веќе сме при самиот крај на оваа сезона во која Лева со Барселона нема да освои ниту еден трофеј, но без разлика на тоа и на неговиот придонес кој се очекува да биде подобар тој е безбеден и треба да остане на „Камп Ноу“ и во следната кампања.

Според Полјакот има двајца фудбалери кои се издвојуваат-тоа се Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен и Џуд Белинхем од Реал Мадрид.

-Тешко е да се каже бидејќи ни остануваат уште ЕП за играње и решавачките натпревари во Лигата на шампионите. Ама во овој момент, Мбапе и Белингем се најистакнатите играчи во светот. Тие се неверојатни, -порачал напаѓачот за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни