Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер со ефикасно издание до победа над Пролет

Објавено

на

Foto:facebook.com/hceurofarmpelister

Составот на Еурофарм Пелистер со ефикасно издание славеше над Пролет со 36:27 во 11. плејоф рунда во Суперлигата.

„Зелено-белите“ имаа проблеми да се наметнат во првото полувреме и првиот дел го завршија со предност од само два гола (15-13), но во продолжението избраниците на Ангеловски покажаа зошто се шампиони и први фаворити за трофејот и дојдоа до убедлив триумф, триумф број десет во оваа фаза на шампионатот.

Кузмановски се издвои со девет погодоци, Димковски со осум реализации беше прво име кај поразените.

Тиквеш претходно беше подобар од Бутел со 28-23.

„Експлозија“ на вицешампионот: Алкалоид до врв ја наполни мрежата на Охрид

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни