Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид загубил еден фудбалер во драматичниот триумф над Баерн

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Пласманот во финалето на Лигата на шампионите е уште еден голем успех за Реал Мадрид, а драматичниот триумф над Баерн Минхен сепак минал и со една лоша вест за тренерот Карло Анчелоти.

Клубот потврди дека Орелијан Чуамени заработил повреда за време на полуфиналниот реванш, а тоа била и причината што беше повлечен од игра во 69. минута од средбата.

Французинот мора да паузира одреден период, а медиумите шпекулираат со враќањето во составот и дали ќе може да конкурира за настап во големото финале на „Вембли“.

Чуамени пропушти повеќе натпревари поради слична повреда и во првиот дел од сезоната, а дел од шпанските медиуми тврдат дека постојат само теоретски шанси тој да биде подготвен за финалето на 1. јуни.

Анчелоти до последно ќе се надева дека лекарскиот тим на Реал Мадрид ќе успее да го забрза процесот на рехабилитација, бидејќи Чуамени е посебно важен за тренерот на шпанскиот шампион и тоа го покажува и фактот дека сезонава има 38 настапи за овој тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни