Поврзете се со нас

АБА лига

Атанасов: Ова беше најлошиот меч на МЗТ во АБА2 лигата

Објавено

на

МЗТ Скопје доживеа тежок пораз од Спартак Суботица (98:64) во реванш средбата од полуфиналето на АБА2 лигата и со тоа официјално го заврши настапот за оваа сезона во ова натпреварување.

„Штрковите“ најавуваа голема борба и обид да изненадување во Србија, меѓутоа домаќините беа доминантни, ефикасни во нападот и цврсти во одбраната со што обезбедија место во финалето каде за ривал ќе го имаат составот на Војводина.

-Ова беше нашиот најлош натпревар во АБА 2 лигата. На натпреварот во Скопје немав забелешки, но овде изгледавме многу лошо, особено енергично. Честиски до Спартак и им посакувам успех во финалето, -истакна тренерот Васко Атанасов.

Клубот од Аеродром сега ќе се насочи кон домашниот предизвик, одбраната на титулата. Тие водат со 1-0 во полуфиналната серија со ТФТ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни