Поврзете се со нас

АТП

Надал: Ова одамна не се случило…

Објавено

на

foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал ќе настапи на Мастерсот во Рим што дефинитивно е позитивна вест за ветеранот.

Големиот грен слем шампион долго време беше надвор од терените и сега конечно врзува неколку турнири во серија.

-Возбуден сум што ќе играм во Рим. Тоа е турнир од кој имам многу незаборавни спомени. Да видиме како ќе оди се, од ден на ден… Мојата трета недела по ред на турнеја, трет турнир речиси по ред. Тоа одамна не се случило и тоа е добра вест. Ајде да видиме, морам да продолжам. Морам да продолжам да истражувам како можам да играм секој ден. Среќен сум како се чувствувам денес, -истакна Надал кој во италијанската престолнина има двоцифрен број на титули.

-Публиката овде е многу страсна. Ова не е моментот да ги објаснам сите емоции што ги почувствував на овој турнир, на овој терен. Неверојатни натпревари со Корија, со Рожер првите два пати кога играв овде. Ова е турнир кој е дел од историјата на нашиот спорт. Возбуден сум и се чувствувам среќен што повторно ќе играм во оваа фаза од мојата кариера. Мотивиран сум за утре и за турнирот, -додаде бикот од Мајорка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни