Поврзете се со нас

ВТА

Голема победа на Ѓорческа: Лина ја реши првата носителка на турнирот во Трнава

Објавено

на

foto:www.facebook.com/ItsCup2013

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа издвојува уште една голема победа на ИТФ фјучерсот што се игра во Трнава, Словачка за награден фонд од 60.000 долари.

Лина во првото коло ја надигра Полина Кудерметова која имаше далеку подобар ранкинг на ВТА листата (165), додека пак денеска дојде до уште поголем резултат и тоа против првата носителка Маи Хонтама.

Хонтама која има 24 години е 115 тенисерка на светот, односно 98 позиции подобро рангирана од Ѓорческа, но токму тоа како да беше плус мотив за Македонката која и одржа вистинска лекција на Јапонката на централниот терен.

Тетовката беше сигурна и со 6-3 и 6-1 дојде до четвртфиналето во кое силите ќе го одмери со Вероника Ерјавец. Тенисерката од Словененија е осма носителка, тенисерка против која Ѓорческа ќе има мотив плус за победа, одмазда со оглед на тоа што Веронија ја доби во Сплит со 2-0 со 6-2 и 6-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни