Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Потоп за фаворитите во ,,Крусибл”: Тројца екс шампиони елиминирани во четвртфиналето

Објавено

на

Четвртфиналната фаза на Светското првенство во снукер кое традиционално се игра во Шефилд, донесе разочарувачки епилог за тројца големи фаворити за титулата.

Целосно неочекувано, во ист ден порази доживеаја Џад Трамп, Џон Хигинс и Рони О’Саливен, а на нивна сметка полуфинале обезбедија тројца квалификанти.

Најпрвин Велшанецот Џек Џоунс го победи  Трамп со 13:9, додека Кајрин Вилсон издоминира во дуелот со Хигинс и заслужено го совлада шкотскиот маестро со 13:8.

Натпреварувачкиот ден заврши со триумф на Стјуарт Бингам над О’Саливен со 13:10, во дуел кој беше постојано израмнет до 10:10, а Бингам ги искористи грешките на фаворитот за да го остави Рони без шанса да освои осма рекордна титула во ,,Крусибл”.

Турнирот остана без играчи кои заедно имаат 12 титули на Светското првенство, првпат по 1977 година тројца квалификанти се меѓу најдобрите четири, а од нив само Бингам има еден трофеј во Шефилд.

Прв во полуфиналето се најде Дејвид Гилберт кој беше сигурен против Стивен Мегваер, а во полуфиналето ќе се соочи со сонародникот Вилсон.

Во второто полуфинале ривали ќе бидат Бингам и Џоунс.

Со поразот во четвртфиналето, О’Саливен ќе остане и без првата позиција на светскиот ранкинг, каде се наоѓа две години. Нов лидер ќе биде Марк Ален.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни