Поврзете се со нас

АТП

Денешниот ривал на Ѓоковиќ ги шокираше фановите со еден потег на Мастерсот во Рим (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ денеска го започнува својот настап на Мастерсот во Рим, каде очекувано е меѓу главните фаворити за освојување на трофејот.

Прв противник на светскиот рекет број еден ќе биде Корентан Муте, Французинот кој вчера заработи свирежи од трибините и ги шокираше тениските фанови кои беа сведоци на еден негов неспортски потег.

Во ситуација кога Муте имаше негатива од 5:3 во гејмови и 40:0 во дуелот со рускиот ривал Сафиулин, Французинот застана незаинтересирано на основната линија и бараше од противникот да сервира за крај на сетот.

Некоректниот потег предизвика реакции кај тениските фанови, а Муте во продолжение направи пресврт и се избори за дуел со Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни