Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракометарите надиграни од Фарски Острови на првиот бараж меч во Торшавн

Објавено

на

Македонската машка ракометна репрезентација доживеа пораз од Фарски Острови од 34:27 во првиот бараж меч за пласман на Светското првенство кое се игра на почетокот на наредната година.

Избраниците на Кирил Лазаров не беа на посакуваното ниво во Торшавн и ќе имаат навистина тешка задача во реваншот во Скопје да направат пресврт и го продолжат континуитетот на големите ракометни случувања.

Домашната селекција имаше контрола на играта, резултатот од првата до последната минута и со тоа само потврди дека се работи за состав кој напредува, состав кој знае да игра ракомет и да победува. Голем проблем за нас беше одбраната примивме дури 34 гола од кои 18 во првото полувреме.

Кузмановски со осум гола беше прв стрелец, Митев и Костески имаа по пет реализации. Кај победникот  Скипаготу даде десет гола.

Реваншот е закажан за в недела од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни