Италија
Лацио сака да го „врати“ играчот за кој Лотито јавно се пофали, Јувентус бара почитување на договорот
Лацио во последниот летен преоден рок донесе неколку засилувања, а претседателот Клаудио Лотито посебно се пофали со ангажманот на Николо Ровела од Јувентус.
Играчот за врска дојде на заем на две години, со задолжителна обврска за откупување на договорот за најмалку 17 милиони евра, а Лотито еуфорично истакна дека Лацио дошол во ситуација да купува фудбалери на Јувентус, нешто што во минатото вообичаено се одвивало во спротивен правец.
Ровела добро соработуваше со Маурицио Сари на чие барање и бил доведен, но по падот на формата следуваше и отказ за Сари, а новиот тренер Игор Тудор не смета сериозно на потенцијалниот италијански репрезентативец.
Италијанските медиуми тврдат дека Лацио сега се обидува да искомуницира со Јувентус за прекинување на заемот и редефинирање на договорот, но втората страна не е заинтересирана за никаков компромис.
„Бјанконерите“ веќе ја очекуваат заработката од фудбалерот кој претходно го купија од Џенова и ќе бараат почитување на договореното од страна на римскиот ривал.
-
Италија19 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија20 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија14 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија20 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет17 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија13 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП12 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)